Слатки венчиња

Од:

Неверојатно вкусни мали венчиња, со незаборавна арома моја ја добиваат најмногу од ренаданата кора од портокал …

Потребно е:
400 гр
 брашно
1/2 лажиче сол
2 лажици шеќер
1 чаша (200 мл) растопен маргарин
2 лажици кисело млеко
2 лажичиња сув квасец
1 лажиче рендана кора од портокал
1 бурбон ванилин шеќер
1 јајце
топла вода, по потреба

за премачкување:
1 јајце

за филот:
неколку лажици џем по избор

за посипување:
шеќер во прав

Подготовка:

kolacinjavencinja1
– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, солта, шеќерот, маргаринот, ренданата кора од портокал и сувиот квасец.

– Јајцето изматете го со вилушка, додадете го киселото млеко и измешајте убаво. Сипете го кај брашното.

– Со постепено додавање на топла вода замесете меко тесто. Оставете го малку да одмори и да нарасне.

kolacinjavencinja2

– Тестото поделете го на топчиња со сакана големина. Секое топче развлечете го во кора. Кората од едната страна засечете ја со остар нож на ленти, како на сликата. На другата страна ставете од џемот. Тестото преклопете го преку џемот и завикајте го како ролат (како на сликата).

– Ролатот замотајте го во круг и направете венче со спојување на краевите. Вака подготвените венчиња оставете ги да стојат малку на топло за да нараснат уште малку.

– Пред да ги ставите да се печат премачкајте ги со разматено јајце.

kolacinjavencinja3

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени додека не добијат фина златна боја.

– Готовите венчиња посипете ги со шеќер во прав и послужете ги со чај или кафе.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска