Слатки топчиња со суви смокви

Од:

Многу вкусни слатки колачиња по рецептот на баба …

Потребно е:
300 гр мелени суви смокви
150 гр тостирани мелени ореви
4 полни супени лажици мед
сок од 1/2 лимон или 2-3 лажици рум

за валкање:
4 лажици мелени ореви
1 кесичка бурбон ванила
2 лажици шеќер

Подготовка:
– Сомелените смокви прелијте ги со сокот од лимон или рум и убаво измешајте ги. Оставете ги да стојат 15-тина минути.

– За тоа време препечете ги оревите во тава или рерна и оставете ги да се изладат. Потоа сомелете ги.

– Во смоквите додадете ги мелените ореви и медот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки и да добиете хомогена смеса.

– Во една подлабока чинија ставете ги мелените ореви, бурбон ванила шеќерот и шеќерот и измешајте.

– Од смесата земајте со влажни раце и направете мали топчиња. Увалкајте ги во мешавината од ореви и шеќер и наредете ги на чинија за сервирање. Оставете ги на суво место да се просушат 24-48 часа.

Напомена: Наместо ореви може да користите и лешници.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска