Слатки топчиња од сушено овошје (посно)

Од:

Мали, вкусни, меки и здрави топчиња, преполни со сушено овошје и јатки.

Потребно е: 
350 гр урми
350 гр суви кајсии
120 гр суво грозје
170 гр ф’стаци
2 лажици мед
1 лажица цимет
60 гр шеќер

Подготовка: 
– Во блендер ставете ги сите состојки, освен шеќерот и циметот. Миксајте додека да се соединат сите состојки.

– На страна, ставете ги шеќерот и циметот и измешајте ги.

– Од смесата формирајте мали топчиња и валкајте ги во миксот од шеќер и цимет. Смесата ќе биде леплива, па затоа формирањето на топчињата правете го со навлажнети раце со вода.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска