Декоративни сочни залачиња од тесто …
Потребно е:
1,2 кг меко брашно
500 мл млеко
250 мл масло
20 гр свеж квасец
2 лажици шеќер
3 јајца
4 лажици какао во прав
за сирупот:
600 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
600 мл вода
Подготовка:
– Во топло млеко разматете го квасецот со додавање на шеќер. Оставете го на топло место за да се активира квасецот и да надојде.
– Со миксер изматете ги јајцата, постепено додадете го маслото и на крај надојдениот квасец. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете 2 лажици какао.
– Брашното исто така поделете го на два дела. Замесете мазно и меко тесто. Во едниот дел додадете го остатокот од какаото. Секој дел поделете го на 4 топчиња.
– На набрашнета работна површина развлечете една црна, а потоа и една бела топка од тесто во поголем круг. Белиот круг ставете го на црниот и уште малку заедно развлечете ги со сукало за да се залепат. Кругот исечете го на 12 триаголници (видете ја сликата). Од секој триаголник формирајте кифличка. Постапката повторете ја и со останатото тесто.
– Кифличките наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
– Шеќерот, ванилиниот шеќер и водата сипете ја то тенџерче и ставете ги на рингла да се варат околу 5 минути. Сварениот сируп оставете го да се излади.
– Печените кифлички потопете ги во изладениот сируп,а потоа наредете ги во тава и прелијте ги со остатокот од сирупот. Од време на време превртете ги за да убаво го впијат целиот сируп.