Нешто помеѓу кроасани и мафини …
Потребно е:
450 гр брашно
250 мл топло млеко
2 јајца
250 гр путер
60 гр шеќер
1 лажиче мед
1 лажиче сол
1 коцка свеж квасец
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Во еден сад сипете малку топло млеко и мед и убаво измешајте. Додадете го квасецот, измешајте и оставете го да стаса.
– Во поголем сад ставете ги брашното, сол, шеќер и измешајте. Додадете 100 гр растопен путер, јајцата (малку изматени) и стасаниот квасец. Полека измешајте и додадете го остатокот од млекото.
– Замесете тесто кое треба да биде меко и глатко. Оставете го тестото 1 час да стои на собна температура за да нарасне.
– Нараснатото тесто поделете го на 8 еднакви делови. Обликувајте ги како топчиња и оставете ги уште малку да нараснат.
– Потоа секое топче тесто развлечете го на набрашнета работна површина што потенко можете во форма на правоаголник. Премачкајте ги со омекнатиот путер.
– Секоја кора од тесто замотајте ја како голема кифла.
– Земете една кифла и исечете ја на пола по должина, така да добиете две ленти.
– Земете една лента и замотајте ја како полжав и ставете ја во калап за мафини кој претходно убаво сте го намастиле со путер. Истата постапка повторете ја со сите парчиња тесто. Оставете го тестото да нарасне уште малку.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Печените колачи оставете ги да се изладат и посипете ги со шеќер во прав.