За оние кои сакаат рогач, одличен спој на рогач и чоколадо …
Потребно е:
800 гр брашно
6 лажици шеќер
1 пакетче сув квасец
150 гр рогач
50 мл масло
400 мл млака вода
2 лажици рум
200 гр чоколадо
Подготовка:
– Земете малку вода од потребната количина. Ставете 1 лажиче шеќер и додадете го квасецот. Кога ќе стаса квасецот, додадете го во брашното, додадете ја преостанатата вода, шеќерот, маслото румот и рогачот. Замесете тесто. Оставете го тестото 30 минути да одмори.
– Потоа ставете го тестото на набрашнете работна површина и со сукало развлечете го со дебелина од 5 мм.
– Со модла или чаша вадете кругови од тестото.
– На секој круг ставете коцка чоколадо. Преклопете го тестото и со вилушка притиснете ги краевите.
– Наредете ги перничињата во тава обложена со хартија за печење и по 10 минути ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-20 минути.