Совршени се за со утринско кафе или чај …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
250 гр брашно
70 гр шеќер во прав
30 гр нишесте
180 гр путер
за филот:
4 јајца
250 гр шеќер
20 гр брашно
150 мл сок од лимон
изрендана кора од 1 лимон
80 мл млеко
Подготовка:
– Тавата во која ќе го печете колачот обложете ја со хартија за печење.
– Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот во прав, нишестето и путерот и замесете тесто. Обликувајте го како топка, завиткајте го во пластична фолија и ставете го фрижидер околу 30 минути.
– За тоа време направете го филот. Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги брашното, сокот и изренданата кора од лимон и на крај млекото.
– Извадете го тестото од фрижидер и втиснете го во тавата во која ќе го печете која претходно малку сте ја намастиле со путер. Ставете да се пече 15 минути во загреана рерна на 180 целзиусови степени.
– Извадете ја тавата од рерна и на тестото рамномерно распоредете го филот. Повторно вратете го во рерна да се допече уште 15-тина минути.
– Добро изладениот колач исечете го на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.