Слатки кифлички со мармалад

Од:

Фини, вкусни, меки кифлички со полнење по желба …

Потребно е (за 88 кифлички):
1 кг брашно
1 лажиче сол
1 чаша (200 мл) млеко
1 коцка свеж квасец
1 јајце
400 гр маст (или путер)
1 лажица шеќер
изрендана кора од 1-2 лимони

Подготовка:
– Брашното ставете го во подлабок сад и додадете ја и солта.

– Во друг сад издробете го квасецот, додадете 1/2 лажиче шеќер и прелијте со топло млеко. Оставете го квасецот на топло за да стаса.

– Во садот во кој ќе го месите тестото ставете ја маста (или путерот) на собна температура за да омекне. Потоа со една дрвена лажица изматете јас убаво маста со 1 лажица шеќер. Додадете го јајцето и повторно убаво измешајте.

– Сега во садот сипете го стасаниот квасец, изренданата кора од лимон и измешајте.

– Соединете ги сите состојки и со постепено додавање од брашното замесете меко и мазно тесто кое не треба да ви се лепи на рацете.

– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени, а големата тава од рерната обложете ја со хартија за печење.

kiflicki– Тестото поделете го на 11 делови. Секој дел развлечете го со сукало во форма на круг со дебелина околу 1/2 см. Секој круг исечете го на 8 триаголници (како на сликата). Филувајте ги со мармалад по желба. Замотајте ги, но внимавајте да не излезе филот надвор од тестото и затоа внимателно стиснете ги краевите од тестото. На крај секоја кифличка малку заоблете ја.

– Готовите кифлички наредете ги на хартијата за печење во тавата, но оставете простор меѓу нив затоа што ќе нараснат додека се печат.

– Ставете ги да се печат. Нама многу да поруменат и затоа за да проверите дали се печени подигнете една кифличка со нож и видете го долниот дел. Ако е фино печено и румено значи дека се готови и извадете ги од рерната.

– Врелите кифлички увалкајте ги во шеќер во прав, оставете ги да се изладат и послужете ги. Можете да ги чувате повеќе денови во метална кутија.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска