Слатки кифлички со џем

Од:

Многу вкусни куфлички подготвени со свинска маст …

Потребно е:
800-1000 гр брашно
500 гр свинска маст
1 коцка свеж квасец
400 мл млеко
1 јајце, за премачкување
сол, шеќер
џем, за филување (најубаво од кајсии)

Подготовка:
– Ставете го квасецот малку млако млеко со 1 лажиче шеќер и оставете го на топло да стаса.

– Во еден подлабок сад ставете го брашното и додадете го стасаниот квасец. Додадете прстофат сол и 2-3 лажици шеќер.

– Додадете го преостанатото млеко и замесете меко тесто. Тестото покријте го со пластична фолија и оставете го околу 1 час на топло место за да нарасне.

– Стасаното тесто ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го со дебелина 1-1,5 см.

– Свинската маст со прсти иситнете ја и убаво намачкајте ја едната половина од тестото. Преклопете го тестото  со прсти притиснете го за да се залепи. Уште еднаш преклопете го и повторно со прсти притиснете го по целата површина. Оставете го малку да отстои.

– Ставете го на набрашнета работна површина и повторно раширете го со сукало да биде тенко.

– Со остар нож исечете го на квадратчиња.

– На секое квадратче ставете џем, преклопете го залепете го со прсти. Премачкајте ги со разматено јајце.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180-200 целзиусови степени околу 15-20 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска