Слатка штрудла со џем, ореви и лешници

Од:

Крцкав ролат филуван со џем и јаткасти плодови …

Потребно е:
за тестото:
130 гр рикота сирење
130 гр путер, на собна температура
230 гр брашно
2 лажици шеќер
прстофат сол

за филот:
2 лажици сецкани ореви
2 лажици сецкани лешници
4 лажици суво грозје
3-4 лажици џем од сливи

за премачкување:
1 лажица млеко
1/2 лажиче цимет во прав
1 лажица шеќер

Подготовка:
– Со лажица измешајте ги путерот и шеќерот убаво да се спојат. Додадете го издробеното сирење и повторно измешајте со лажицата. Потоа додадете го и брашното со малку сол. Замесете глатко и меко тесто. Тестото замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.

– За тоа време подгответе го филот. Ставете го сувото грозје во врела вода за да омекнат.

– Оревите и лешниците кратко испечете ги во сува тава, но внимавајте да не ги препечете.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало со дебелина од околу 0,5 см. Премачкајте го со џем и посипете со сецкани ореви и лешници. Исто по тестото распоредете го и сувото грозје кое претходно убаво сте го исцедиле.

– Замотајте го како ролат. Со остар нож исечете го ролатот на парчиња со дебелина колку еден прст, но немојте до крај.

– Премачкајте го со млеко и посипете го со шеќер и цимет.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути или додека да добие убава златно-кафена боја.

– Досечете ги парчињата и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска