Вкусна и ароматична слатка пита …
Потребно е:
500 гр тенки кори
600 гр исчистени суви сливи
2 лажици џем од сливи
100 гр шеќер
100 гр мелени ореви
100 гр сецкани ореви
100 мл минерална газирана вода
1 коцка путер
околу 100 мл масло
малку цимет во прав
малку каранфилчиња
Подготовка:
– Прво подгответе го филот. Сувите сливи исчистете ги од семките, измерете ги и потопете ги во вода за да набабрати и да омекнат. Исцедете ги, исушете ги и исечете ги на четвртинки.
– На тивко растопете го џемот, додадете го шеќерот и полека измешајте за да добиете хомогена смеса. Во тоа ставете ги мелените и сецканите ореви, зачините и сливите. Убаво измешајте и тргнете го од рингла.
– Во правоаголна поголема тава ставете малку масло и парче путер. Две кори ставете на дното на тавата, премачкајте ги со путер и со лажица нанесете од филот. Потоа ставете кора и испрскајте ја со масло и вода, повторно кора, па лажица од филот и повторно кора. Замотајте ги како ролат.
– Од сите кори ќе добиете 4 ролати. Испрскајте ги со вода и масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека убаво да поруменат.
– Печената пита оставете ја малку да се излади, исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и послужете.