Слатка пита со кисело млеко

Од:

Вкусен старински колач …

Потребно е:
за тестото:
200 гр маргарин
4 жолчки
100 гр шеќер
400 гр брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

за кремот:
4 белки
3 чаши (од 200 мл) кисело млеко
2 кисели павлаки
5 лажици остро брашно
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон шеќер

Подготовка:
– Во еден подлабок сад измшајте ги сите состојки, маргаринот исечете го на листови и со раце замесете тесто. Кога ќе се соединат сите состојки, тестото префрлете го на маса и продолжете со месењето неколку минути.

– Тестото поделете го на два дела од околу 400 гр. Секој дел посебно завиткајте го во пластична фолија. Едниот дел ставете го во фрижидер (овој тесто ќе го ставите на дното на калапот), а другиот дел ставете го во замрзнувач (ова тесто ќе го рендате) околу 30 минути.

– Додека се лади тестото преминете на подготовка на кремот. Со миксер изматете ги белките во густ шлаг. Потоа додадете ги киселото млеко, киселата павлака, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и лимон шеќерот. Уште кратко време матете.

– Според тавата во која ќе ја печете питата исечете хартија за печење.

– Изладеното тесто извадете го од фрижидер и развлечете го со сукало на хартија за печење на работна површина. Тестото заедно со хартијата ставете ги во тавата.

– На тестото нанесете го кремот и израмнете.

– Извадете го второто тесто од замрзнувачот и со помош на крупно ренде изрендајте го над кремот.

– Ставете ја питата да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени 35-40 минути односно додека да добие убава румена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска