Разубавете ги овие топли септемвриски денови со овој неодолив кремаст сладолед …
Потребно е:
3 лажици инстант кафе
неколку лажичиња вода (за да го растворите кафето)
200 мл кондензирано млеко
600 мл слатка павлака
Подготовка:
– Растворете го инстант кафето во малку вода. Додадете го кондензираното млеко и измешајте убаво.
– Во поголем сад сипете ја слатката павлака и додадете ја мешавината со кафе и млеко. Убаво изматете со миксер.
– Смесата сипете ја во платичен сад и ставете ја убаво да се стегне во замрзнувач.
– Сладоледот сипете го во чаши, украсете го со малку мелено кафе и послужете.