Сладок леб со банани

Од:

Нема веќе фрлање на потемнети банани. Од нив направете го овој вкусен сладок леб …

Потребно е:
1/2 чаша (од 200 мл) омекнат путер
1 лажиче екстракт од ванила
3 чаши брашно
6 белки
1,5 лажиче прашок за пециво
2 чаши испасирани банани
1/2 чаша млеко
3/4 чаша семки од сончоглед
1/2 лажиче изрендана кора од лимон
1 чаша кафеав шеќер

Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени.

– Во подлабок сад ставете ги кафеавиот шеќер, екстрактот од ванила и путерот и матете ги додека да добиете хомогена смеса. Додадете ги белките и внимателно измешајте.

– Во друг сад измешајте ги прашокот за пециво, брашното и солта и полека додадете ги во смесата со кафеав шеќер.

– Сипете го млекото и полека измешајте. Почнете да го месите тестото додека да стане мазно и компактно.

– Во еден плиток сад измешајте ги испасираните банани, изренданата кора од лимон и семките од сончоглед.

– Тестото сега увалкајте го во горната смеса и ставете го во намастен калап за печење.

– Ставете да се пече во загреана рерна 50-60 минути, додека да добие убавла златно-кафена боја.

– Печениот леб извадете го од рерна и оставете го да се излади 15-тина минути. Исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска