Скопско ќофте

Од:

Старо македонско традиционално јадење.

Потребно е: 
за ќофтињата:
1 кг мешано мелено месо (говетско и свинско)
100 гр сварен ориз
1 поголем кромид, ситно сецкан
2 јајца
7 лажици презла
1 лажица мешан сув зачин
сол и бибер
малку мелена црвена пиперка
масло за пржење на ќофтињата

за прилог: 
200 гр сварен ориз

за сосот: 
1 кромид, ситно сецкан
700 гр сварен сос од домати
2-3 чешниња лук, ситно сецкани
мешан сув зачин
сол и бибер
магдонос, ситно сецкан
3 кругови кромид
3-4 кругови свеж домат
1 сува пиперка (по желба)

Подготовка: 
Прво подгответе го оризот за прилог:
– На малку масло пропржете 200 гр измиен ориз додека зрнета не ја променат бојата. Потоа сипете околу 1 л врела вода и на тивко сварете го оризот. Кога ќе биде сварен ставете го во цедалка и поминете го под млаз студена вода за да се двојат зрната. Исцедениот ориз посолете го и ставете и малку бибер и мелен сув зачин.

– 1/3 од сварениот ориз ставете го во смесата за ќофтиња, а остатокот оставете го за прилог.

Сега подгответе ја смесата за ќофтиња:
– Во еден сад ставете го меленото месо, сецканиот кромид, јајцата, презлата, оризот, мешаниот сув зачин, биберот и солта и малку мелена црвена пиперка. Сите состојки убаво измешајте ги со рака за да се соединат.

– Од подготвената смеса со намастени раце обликувајте ќофтенциња. Треба да добиете 15-20 мали ќофтиња. Испржете ги во тава на малку масло.

Подготовка на сосот:
– Во тава испржете го сецканиот кромид и додадете го сосот од домати, сецканиот лук, малку мелен сув зачин и ситно сецкан магдонос. Варете го сосот 4-5 минути. На крај во сосот додадете сол и бибер по вкус (може и малку шеќер во зависност од киселоста на доматите).

– Земете земјана тава во која ќе го печете ова јадење во рерна и премачкајте ја со путер.

– На средина ставете го варениот ориз кој го оставивте за прилог, а одоколу наредете ги пржените ќофтиња.

– Врз оризот ставете 2-3 кругови (или полукругови) кромид, а најодозгора кругови свежи домати. Додадете сол и бибер и сецкан магдонос.

– Со сосот прелијте ги ќофтињата,а ставете и малку над оризот.

– Вака подготвената тава ставете ја да се пече во загреана рерна околу 40 минути на 180 целзиусови степени.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска