Невообичаена зимска бура за овој период од годината, донесе снег во планините Сиера Невада во Калифорнија, што им овозможи на љубителите на зимските спортови да уживаа во скијање во пресрет на летото.
Во Скво Вали, бурата вчера донесе снежна покривка од околу десет сантиметри на повисоките места, што ги воодушеви скијачите и сноубордистите.
– Дефинитивно е единствено, изјави портпаролот на одморалиштето и додаде дека планот е скијалиштето да биде отворено е се додека има снег.
Снегот во јуни е ретка појава, но не е невообичаена.
– Можно е таквото време да трае до крајот на јули или можеби и август. Снег во јуни е реткост, но не и неочекувано, велат метеоролози.