Скица на омот проценета на 60.000 долари

Од:

Скица за омотот на албумот „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” изработена лично од Џон Ленон, член на легендарниот рок бенд „Битлси“, ќе биде ставена на аукција, која ќе се одржи во Њујорк следниот месец.

Според аукциската куќа „Џулиенс окшнс”, цртежот се очекува да достигне цена меѓу 40.000 и 60.000 долари. Бил пронајден во домот на Ленон во Кенвуд, југоисточен Лондон.

Идејата за легендарниот омот била на Пол Мекартни. На него се нацртани четворицата членови на бендот околу тапани, а во позадина има колаж од познати личности.

Меѓу другите предмети кои им припаѓале на музичките легенди, а кои ќе се најдат на аукцијата, се и пијано на Елвис Присли, за кое се очекува понуда од 200.000 долара, како и китарата на џезерот Џанго Рајнхарт од 1964 година.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска