Синди Крафорд била сосема нормална тинејџерка од градот Декалб во американската сојузна држава Илиноис, кога му позирала на познатиот фотограф Виктор Скребенски во неговото студио во Чикаго, а денес е врвна манекенка…
Скребенски и направи интервју за најновото издание на списанието „Мичиган Авенју“, во кое убавата 48-годишната манекенка се присетила на својата младост.
Меѓу останатото се потсетила дека во првата агенција за која работела и рекле да ја отсрани бенката што се наоѓала на аголот од нејзината усна, која сега е нејзин веќе многу добро претпознатлив знак.
Синди, исто така, вели дека многу повеќе се забавува сега, кога е веќе постара и кога може да игра на маси во јужна Франција.
– Најверојатно тоа требало да го правам кога имав 20 години и кога на мене ништо тогаш не се тресеше, се пошегувала манекенката.
На прашањето како можат професијата и родителството да одат едно со друго, со оглед на тоа што таа има завидна кариера, а воедно е и мајка на две девојчиња, Синди одговорила: „Знаете ли која е клучната работа во врска со децата кога ќе дојдат на свет? Одеднаш не размислувате што ви е приоритет во животот, затоа што тие се главни во вашиот живот“.
Тоа е прекрасно затоа што учите како на нов начин да го организирате својот живот и воедно учите како да кажете „не“, вели Крафорд
Се согласувам дека можете да имате се, но многу е тешко да го имате сето тоа во исто време. Затоа немам многу дополнителна работа и секогаш има подобар начин како да го поминам своето време, а тоа е дома со моето семејство, додава Синди.