Лондон е најскапиот град за преноќување во Европа, но на светско ниво според цените најскап е Сиднеј.
Просечна цена на ноќевање во британската престолнина изнесува 141 евра, додека во Цирих и Москви е 135 евра, покажа истражувањето на фирмата ХРС.
Меѓутоа, во Сиднеј ноќевањето чини дури 174 евра, што го прави најскап град за ноќевање во светот. Следат Њујорк (153,5 евра) и Лос Анџелес (150 евра).
Инаку, цената на хотелското сместување во Москва и Цирих опадна за седум, односно за два процента, но хотелските соби во Будимпешта и натаму се најевтини. Имено, во унгарската престолнина во просек може да се преноќи за цена од 66 евра.
Други поволни градови се Атина (80 евра), Милано (107 евра) и Варшава (76 евра).