Сицилијански макарони во сос од брокули

Од:

Оригинален рецепт од Сицилија во вашата кујна.

Потребно е:
500 гр макарони
1 кг брокула, расцветана на помали цветчиња
40 гр суво грозје
40 гр пињоли
2 мали сардини
прстофат шафран
1 главица кромид, ситно исечкана
1 лажица доматно пире (концентрат од домати)
сол и бибер

Подготовка: 
– Во големо тенџере, ставете вода да зоврие. Зовриената вода посолете ја и ставете ги цветовите брокула да се бланшираат 8 минути. Кога ќе омекнат, извадете ги со цедалка, ставете ги во сад и покријте ги. Водата не ја фрлајте, затоа што во неа треба да ги сварите макароните.

– Во тавче за пржење ставете малку маслиново масло. Кога ќе се загрее, ставете го кромидот да се пропржи. Кога ќе омекне, ставете ги сардините и гответе кратко. Ставете го концентратот од домати и 1 шолја од водата во која се вареа брокулите. Кога тоа ќе проврие, ставете ги пињолите и сувото грозје. Измешајте убаво и зачинете со шафран, сол и бибер, по вкус.

– Сварете ги макароните во водата во која се вареа брокулите.

– Кога макароните ќе бидат сварени ал денте, ставете ги брокулите и сварените тестенини во сосот. Поклопете со капак и оставете да се готви 10 минути.

– По 10 минути, сервирајте со рендан пармезан.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска