Си-Ен-Ен објави листа од 12 туристички дестинации што не треба да ги посетите во 2018 година, а меѓу нив се и Венеција, Барселона и Дубровник.
Листата е составена врз основа на тоа што последниве 12 месеци некои популарни туристички дестинации настојуваа да го намалат бројот на туристи, бидејќи е нарушен уличниот сообраќај или пак, екосистемот, поради метежот.
На списокот се наоѓаат и градови како Венеција, Барселона, Дубровник и древната населба Мачу Пикчу во Перу, но и шкотскиот остров Скај, Галапагос, Таџ Махал во Индија, Санторини, Монт Еверест, Бутан, Антарктик и комплексот од пет месности во Италија познат под називот Чинкве Тере.
Заедничко за тие дестинации е тоа што, поради големиот број туристи и инфраструктурата почна да „пука“, а локалните жители се повеќе се жалат на „туристичката пренатрупаност“.
Во Барселона имаше дури и протести против таа „пренатрупаност“. Во Дубровник пак, локалните власти најавија дека ќе го ограничат бројот туристи „на дневно ниво“ на 4.000.