Швајцарски коцки

Од:

Колач кој не се пече …

Потребно е:
2 јајца
200 гр шеќер
80 гр чоколадо
80 гр маргарин
130 гр мелени бисквити
35 гр мелени ореви
50 гр чоколадо
1 лажица масло

Подготовка:
– Изматете ги малку јајцата и шеќерот со вилушка и ставете ги да се варат на пареа. Кога ќе провријат додадете го маргаринот и мешајте додека да се растопи.

– Тргнете го садот на страна и додадете ги бисквитите, мелените ореви и искршеното на парчиња чоколадо. Убаво измешајте.

– Смесата сипете ја во намастена со масло тава и оставете да се излади.

– Потоа исечете го на коцки и прелијте со растопено чоколадо. Украсете со половинки ореви.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска