Швајцарија е најдобра земја за да се родите

Од:

Швајцарија е најдобра земја во која можете да се родите, утврди истражувањето на британската компанија „The Economisti Intelligence Unit “ спроведена во 90 земји од светот.

Истражувачите барале да откријат која земја на бебињата кои ќе се родат во 2013 година им нуди најдобри услови за здрав и среќен живот.

Швајцарците се посреќни и имаат подобар квалитет на животот отколку жителите на другите земаји.

Во 2013 година подобро ќе биде да се родите дури и во со криза погодената Грција, која се најде на 34 место, пишува Дејли Мејл.

Истражувачите во предвид земаа 11 фактори: богатство, стапка на криминал, доверба во јавните институции, добар семеен живот, положба на земјата, демогеографија, состојба на државата во однос на светската економија, културолошки карактеристики, општествен статус и колкав ќе биде доходот по жител во 2030 година кога штотуку родените деца ќе бидат полнолетни.

По Швајцарија следат Австралија, па скандинавските држави Норвешка, Шведска и Данска. САД и Германија се на 16 место, а Словенија и Србија на 32, односно 54 место.

На дното на скалилото е Нигерија.

Сликата на светот во целост е променета во однос на 1988 годину. Имено, тогаш истражувачите го спровеле истото истражување, а првото место им припаднало на САД, второто на Франција, третото на Западна Германија, додека тогашната Југославија го зазеде 39-то место.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска