Што се случува со американските знамиња на Месечината?

Од:

Фотографиите на НАСА од Месечината направени во 2012, покажуваат дека барем пет од шесте американски знамиња и натаму стојат исправено, но научници тврдат дека поради сончевото повеќедецениско влијание, ја изгубиле бојата.

Ултравиолетовото зрачење на Сонцето ја избледува ткаенината и на Земјата, а бидејќи Месечината нема никаква атмосферска обвивка, знамињата се уште повеќе изложени на зрачењето, објаснуваат стручњаците.

– Некои знамиња можеби веќе и се распаднале… Во овие 40 години, знамињата биле изложени на сурови услови – наизменично: 14 дена силно Сонце, на 100 степени Целзиусови, па 14 дена леден мрак, од минус 150 степени Целзиусови. Но, на платното уште повеќе му штети интензивното ултравиолетово зрачење на чистата, „нефилтрирана“ сончева светлина, пишува експертот Пол Спудис во свој напис во списанието „Ер енд Спејс“.

– Америка се откажа од истражувањето на Месечината, и знамињата таму избледеле, зарем не е тоа иронично?, се прашува Спудис.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

(ВИДЕО) Историски подвиг за Индија: Вселенското летало слета на Месечината

Катерина Ѓуровски

ВО ЖИВО: Индиското летало се обидува да се спушти на Месечината

Катерина Ѓуровски

Русија во мисија на Месечината по пауза од 50 години, лансирано возилото Луна-25