Прашање старо колку и самото време – Што се носи една жена во својата чанта? А сега конечно имаме и одговор.
Паричникот, дневникот, торбичката со шминка, очила за сонце, тоалетна хартија, долна облека и чоколадо се само дел од работите на кои можете да „налетате“ ако ѕирнете во женската чанта.
Истражувањето исто така покажало дека поголемиот дел од жените попрво би дозволиле некој да се послужи со нивната четкичка за заби, отколку да им погледне во чантата.
Ова се топ 10 работи кои жените ги носат во своите чанти:
1. Пари/кредитни картички – 72%
2. Лекови – 58%
3. Торбичка со шминки – 54%
4. Очила за сонце – 40%
5. Производи за жени – 38%
6. Адресар/дневник – 33%
7. iPod – 20%
8. Чоколадо – 10%
9. Тоалетна хартија – 8%
10. Долна облека – 4%