roda.hr
Злоставување е облик на агресивно однесување кое трае подолго време, се повторува и е насочено кон исто лице.
Останати значења на злоставување: намерно, свесно негативно постапување со намера другиот да се повреди, со намера да се предизвика заплашеност со секогаш присутна несразмерност на силата, насилникот секогаш има поголема сила од жртвата, однесување кое со ништо не може да се оправда.
Злоставување не е: еднократен инцидент кој нема да се повтори, пријателска расправија, расправија или несогласување, случај или по грешка ненамерно нанесување на болка, пријателско закачање, насилно решавање на судир меѓу пријатели со иста сила.
Злоставување е насилство во кое ученикот трајно и често е изложен на негативни постапки од страна на еден или повеќе ученици, кои намерно сакаат да го повредат, понижат или да го изложат на потсмев.
Видови на злоставување:
Вербално – нарекување со погрдни имиња, исмевање, омаловажување, навреди, дофрлувања;
Физичко – удирање, туркање, рушење, крадење и уништување на предмети;
Социјално – озборување, избегнување, игнорирање, изолирање, ширење на лаги и гласини;
Психолошко – заканувачки погледи, гримаси, исмевање, несакани допири и коментари од сексуална природа, изнудување на пари, следење, уценување;
Вербално злоставување врз основа на етничка припадност, религии или раси, како и понижување врз основа на полот, исто така се смета за злоставување.
Злоставувањето е широко распространет проблем. Како и кај останатите облици на насилство, злоставувањето на дете и напаѓање на жена, нерамнотежата на сила претставува основен фактор за разбирање на она што се случува. Ученик кој е посилен, поагресивен, похрабар и со поголема самодоверба од просечните ученици, ги малтретира учениците кои се послаби, плашливи, несклони кон одмазда. Понекогаш постарите ученици ги злоставуваат помладите или новите ученици, а понекогаш за жртви се избрани ученици од различни култури или малцински групи.
Злоставувачите често доаѓаат од семејства во кои расправиите се решаваат на агресивни начини. Материјалната состојба не влијае значително на појавата на злоставување. Стилот на воспитување се покажал позначаен фактор на појавата на злоставување. Жртвите најчесто не се одмаздуваат откако се одбрани за жртва, па на тој начин се сметаат за сигурни цели во поглед на злоставувањето. Многу ученици кои се злоставувани или не пријавуваат злоставување на возрасните, или многу долго чекаат пред да го направат тоа.
Што велат експертите за злоставувањето?
Причината за тоа се чувство на срам, страв од одмазда поради пријавување како и страв дека возрасните не можат на време или воопшто не сакаат да ја заштитат жртвата таму каде вообичаено се случува злоставување, ходниците во училиштата, на пат во или од училиште, како и во одделението кога наставникот не е присутен. Истражувањата укажуваат на тоа дека проблемот погодува многу повеќе ученици од што за тоа се свесни родителите или наставниците.
Неодамнешно истражување во Хрватска спроведено на 23.000 ученици покажува дека 33 отсто деца навеле дека во тек на одреден период биле изложени на некој облик на насилство, често и повторувано насилство (злоставување) истакнале 11 отсто деца од нашите основни училишта.
(УНИЦЕФ)
Присутноста на возрасните битно го намалува злоставувачкиот однос
Насилниците и жртвите имаат послаби оценки од просекот
Разликите или посебностите во изгледот не влијаат на злоставувањето
Истражувањата во други земји покажуваат, а потврдено е и во Хрватска, дека многу места во селата или градовите, регионалните училишта, големината на училиштата како ни бројот на децата во одделението, не претставуваат важни фактори во предвидување на појавата на насилство.
Бројот на учениците кои пријавуваат дека се жртви на злоставување, се намалува со возраста. Значи, ако децата се постари ретко се обраќаат за помош.
Бидејќи е чест случај младите ученици да се жртви на тие од повисоките одделенија, согледувањето на проблемот треба да почне од млада возраст, но исто така треба упорно да се поттикнуваат постарите ученици на согледување на сериозноста на проблемот и пријавување на насилство.
Разлики меѓу девојчињата и машките
Машките почесто кажуваат на некого дека се злоставувани. Кај машките злоставувањето е најчесто физичко, болно и лесно се забележува. Затоа не е чудно што машките на сите возрасти почесто пријавуваат злоставување од девојчињата, кои се во помал процент жртви на такво злоставување.
Машките вршат директни злоставувања, т.е. злоставување кое вклучува директни физички или вербални напади.
Девојчињата многу често се на удар на злоставување од страна на машките отколку обратно, т.е. девојчињата поретко ги злоставуваат машките.
Машките се почесто се чинители и жртви на агресивно физичко и вербално злоставување од страна на врсниците. Имено, машките почесто од девојчињата се впуштаат во насилничко однесување, па поголема е веројатноста дека меѓу жртвите, но и насилниците да најдеме машки.
Поголема е веројатноста дека девојчињата ќе применат недиректни, префинети, општествени средства за да вознемируваат друго девојче. Најчесто однесување од ваков тип се исклучување од истиот круг на пријателки, манипулирање со пријателските односи, ширење на злобни гласини, озборување, лажење, итн.
Меѓутоа, машките и девојчињата подеднакво се соочени со проблемот на општествената непопуларност. Причина за тоа е што во општеството е подеднаков бројот на тие момчиња и девојчиња кои останатите ученици не ги симпатизираат, па времето кога е одмор го поминуваат сами. Сепак, непопуларноста не значи истовремено и намерно исклучување и општествено злоставување.
Психички злоставуваат (заканувачки погледи, гримаси, изнудување, следење, уценување) подеднакво и машките и девојчињата.
Кои се последиците?
Последиците од злоставувањето се сериозни за сите три учесници на насилството: за жртвата, за насилникот и за сведоците. Нема поштедени:
Жртви на злоставување се:
Несреќни деца кои патат од анксиозност и нервоза, имаат ниска самодоверба која останува и во раните младешки години, се обидуваат да го избегнуваат училиштето и дружењето, потиштеноста им е поголема во однос на врсниците.
Некои жртви на злоставување се толку вознемирени што вршат или се обидуваат да извршат самоубиство. Неколку случаи на самоубиства од страна на момчиња кои биле сериозно злоставувани се појавиле во Норвешка во раните 80-ти години од минатиот век. Тие трагични настани доведоа до тоа, таа земја да покрене голема национална програма против насилството. Колку побрзо се спречи злоставувањето, толку е подобро за жртвата. Колку злоставување е подолготрајно, веројатноста од долгорочни последици е поголема. Некои последици од статистичките податоци:
20 отсто жртви не се редовни на училиште за да избегнат малтретирање
29 отсто имаат проблеми со концентрацијата
22 отсто чувствуваат симпотими на физичка болест
20 отсто имаат проблеми со спиењето
Одреден процент на жртви се обидуваат или прават самоубиство (16 случаи годишно во Велика Британија).
Исто така важно е да се препознаат сериозните долгорочни последици кои се однесуваат на тие кои ги злоставуваат:
Склони се да станат агресивни возрасни луѓе
Почесто од своите врсници судски се казнувани
Родители, запознајте се со bullyng и запознајте ги своите деца со овој облик на насилство:
Помогнете им да го избегнат злоставувањето и да побараат помош од постарите ако забележат злоставување во својата околина!