Како би изгледал животот на Хилари Родам ако не се омажеше за Бил Клинтон, е тема на најновата книга на авторот на бетселерм Кертис Ситенфелд.
Како што најави издавачката куќа „Рендом Хаус“, Ситенфелд ќе раскаже приказна од местото на Хилари Клинтон.
Познато е дека поранешната прва дама на САД повеќе пати ја одбила брачната понуда на Бил, пред конечно да се согласи да стапи во брак со него.
Во романот, кој се уште нема наслов, меѓутоа таа конечно ја одбива и последната поканата за брак на Клинтон, па продолжи со својот живот.
Засега не е познато кога книгата би требало да биде објавена.
Ситенфелд го напиша бестселерот „Американска сопруга“, чија главна хероина помалку потсетува на Лора Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.
Истоврмено, писателот на научно-фанстастични приказни Вилијам Гибсон, пишува роман на тема што би било ако Хилари Клинтон победеше на ланските претседателски избори во САД.