Фини филувани пакетчиња од лиснато тесто …
Потребно е:
500 гр лиснато тесто
200 гр крем сирење
12 парчиња шунка
500 гр шпаргли
1 јајце, за премачкување
Подготовка:
– Одмрзнатото лиснато тесто ставете го на набрашнета површина и со сукало развлечете го во правоаголник 24х36 см. Исечете го на 8 коцки со должина на страна од 12 см.
– Шпарглите измијте ги и исечете ги на парчиња со должина од 12 см.
– На секоја коцка тесто намачкајте 1 лажиче крем сирење.
-Шпарглите замотајте ги во 1 парче шунка и ставете ги на крем сирењето и тоа дијагонално.
– Рабовите на тестото премачкајте ги со изматено јајце и преклопете ги како на сликата. Повторно премачкајте со изматено јајце.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути додека тестото да добие убава златно-жолта боја.
– Печените пакетчиња извадете ги од рерна и оставете да се изладат.
– Сервирајте ги топли со сезонска салата по желба.