Вкусно кремасто јадење со бело пилешко месо …
Потребно е:
2 главици кромид
2-3 чешниња лук
6 лажици масло
100 гр рендан кашкавал
600 гр шницли од пилешко бело месо
400 гр шампињони
сол, бибер
1 лажиче кари во прав
1 лажиче сецкан сув босилек
за бешамел сосот:
1/2 л млеко
1 лажица путер
3 лажици брашно
сол, бибер
околу 100 гр кашкавал
Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го на полумесечинки, а лукот изгмечете го. Шампињоните исецкајте ги на листови.
– На 4 лажици масло пропржете го кромидот и лукот. Додадете ги исечените шампињони, измешајте и динстајте на умерена температура. Пред крај зачинете со сол, бибер, босилек и кари во прав.
– Во друга тава на 2 лажици масло испржете ги од двете страни шницлите од бело месо ко претходно сте ги посипале со сол и бибер.
– За бешамел сосот растопете го путерот во еден сад на рингла, потоа додадете го брашното, промешајте брзо и почнете да го додавате млекото со постојано мешање. Варете го бешамелот додека да се згусне.
– Во подмачкана со масло тава наредете ги шницлите, преку нив сипете ја смесата од шампињони, а одозгора прелијте со бешамел сосот.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15-20 минути.
– На крај посипете ги со крупно изрендан кашкавал и допечете ги уште 2-3 минути во исклучена рерна.