Одлична супа со силна зелена боја. Вкусна и брза за подготовка.
Совет: Користете свеж грашок или замрзнат, а избегнете го конзервираниот, затоа што тој ја нема таа убава зелена боја која е неопходна за супата да биде ваква, убаво зелена и здрава.
Потребно е:
400 гр замрзнат грашок (или свеж, кога е во сезона)
1 л зеленчукова супа од коцка
1 главица кромид, ситно исечкана
1 чешне лук, ситно исечкано
200 гр моцарела, истно исечкана на коцки
сол и бибер
1 лажиче мајчина душичка
Подготовка:
– Во тенџере ставете малку маслиново масло да се загрее. На загреаното масло, ставете го кромидот да се пропржи. Додадете малку сол за да омекне.
– Кога ќе добие стаклест изглед, ставете го лукчето. Кратко пржете го и ставете го грашокот.
– Налејте ја супата, зачинете со сол, бибер и мајчина душичка и оставете да проврие. Варете додека грашокот да биде мек. Не поклопувајте со капак, затоа што така зелена боја на грашокот ќе исчезне во пареата која се создава ако ставите капак.
– Со лажица решетка извадете ја содржината од тенџерето и ставете ја во блендер заедно со моцарелата. Миксајте додека да добиете еднолична густа смеса, како пире. Ако е многу густо, разгредете со водата од тенџерето и прилагодете ја густината според сопствениот вкус.
– Пред крај, зачинете по желба.
– Сервирајте со малку хопла.