Шпагети од тиквички со салса и ракчиња

Од:

Несекојдневна подготовка на тиквички …

Потребно е:
2 средно големи тиквички
200 гр исчистени ракчиња
200 мл салса од домати
100 мл бело вино
2-3 чешниња лук
магдонос
сол, бибер
маслиново масло

Подготовка:
– Во тава на рингла на малку загреано маслиново масло кратко пропржете го ситно исецканото лукче колку да пушти мирис.

– Веднаш додадете ги ракчињата и пропржете ги само неколку минути.

– Сипете го белото вино и оставете 1-2 минути да почне да врие. Тогаш тавата тргнете ја од рингла, зачинете со сол и бибер  и оставете да се излади.

– Во еден сад малку загрејте ја салсата од домати.

– Тиквичките внимателно исечете ги на тенки ленти – како шпагети.

– Во поголема длабока тава ставете малку маслиново масло и загрејте го. Ставете на неколку пати по малку од шпагетите од тиквички, завртете ги од сите страни и извадете ги на чинија.

– Над тиквичките сипете од салсата од домати и одозгора наредете од ракчињата и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска