Шон Конери ја одбил улогата во филмот „Господар на прстените“

Од:

Актерот Шон Конери ја одбил улогата на волжебникот Гандалф во серијалот „Господар на прстените“ и така ја пропуштил можноста да заработи речиси 450 милиони долари.

Улогата која му беше понудена на Конер во филмска адаптација на Питер Џексон потоа ја прифати Иан Мекелен. Конери ја одбил улогата иако му биле понудени шест милиони за секој дел од трилогијата.

Освен тоа, му биле понудени и 15 отсто од профитот од киноблагајните ширум светот, што значи дека 82-годишниот актер можел да заработи огромна сума пари.

Како што пишува CelerityNetWorth, шкотскиот актер ја одбил улогата затоа што не ја разбрал. Иако Конери никогаш порано не откри дека му била понудена улогата на Гандалф, сега призна дека не ја разбирал улогата.

– Не го разбрав сценариото. Ја прочитав книгата. Го прочитав и сценариото. Ги гледав сите филмови. Се уште ништо не разбирам. Меѓутоа, верувам дека Мекален совршено ја одиграл таа улога, рече Конери.

Во меѓувреме Мекален изјави дека во текот на снимањето на сцената со зелен екран на сетот на филмот „The Hobbit: An Unexpected Journey“ бил толку многу исфрустриран што во некои моменти и плачел.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата