Манекенката Моли Симс во интервју за „Хафингтон пост“ раскажа дека во младоста гладувала и опсесивно вежбала за да го има најмалиот можен конфекциски број, фамознот „size 0“ или „ХS“.
– Кога се подготвував за насловната страница на „Спортс илустрејтед“ знаев дневно да пешачам и по 20 километри. Многу е тешко да останете на така ниска килажа која од вас се бара. За да го постигнам посакуваниот конфекциски број понекогаш не јадев и по неколку дена, изјави оваа сега мајка на две деца.
Таа некогаш била и дел од Викториините анѓели.
– Секогаш мислев дека не изгледам доволно добро. Но тогаш ќе ја погледнете таа слика по пет години и ќе помислите -’Колку добро сум изгледала’, рече оваа четириесет и двегодишна манекенка.