Шницли од соја во сос од печурки

Од:

Потребно е:
100 гр шницли од соја
4 лажици масло
1 поголем кромид, ситно сецкан
250 гр шампињони, исецкани на ливчиња
2 лажичиња мелен сув зачин
1/2 лажиче бибер
1/2 лажиче куркума
1/2 лажиче ѓумбир во прав
150-200 мл вода
50 гр кикирики, излуштени
1 лажиче густин
сол

Подготовка:
– Прво подгответе ги шницлите од соја: Сварете ги шницлите во солена вода за да омекнат. Потоа исцедете ги од вишокот вода и ставете ги да се пржат на ладно масло во тава додека не добијат златна боја.

– На масло испржете го кромидот и сецканите печурки. Додадете малку мелен сув зачин, бибер, куркума, ѓумбир и 50 мл вода. Динстајте 5-10 минути.

– Потоа во тавата додадете ги претходно подготвените шницли од соја, кикирики, преостанатиот мелен сув зачин и густинот. Досипете ја преостанатата вода и динстајте 1-2 минути.

– Откако ќе ја исклучите ринглата, поклепете ја тавата и оставете шницлите во сос да отстојат уште 10-тина минути.

– Послужете со свежа салата по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска