Шкотска е прва држава која воведува бесплатни санитарни продукти за жените

Од:

Шкотскиот парламент ќе усвојува закон со кој сите санитарни продукти ќе станат бесплатни за сите жени. Шкотска е првата држава во светот што носи вакви мерки.

Легислативата ќе овозможи влошките и тампоните да бидат бесплатни и да ги има на повеќето јавни места како аптеки, центри, младински клубови. Овој план се очекува денеска да го помине првото гласање во Парламентот.

Овој закон првпат беше предложен во 2017 од страна на Моника Ленон, а се очекува трошоците да изнесуваат 31 милиони долари.

„Не станува збор за луксузни производи. Тоа се неопходни производи и ниту една жена во Шкотска не смее да биде оставена без нив“, рече Ленон, додавајќи дека во случајов станува збор за „менструално достоинство“.

Шкотска во 2018 беше првата држава која обезбеди бесплатни санитарни производи за училиштата и универзитетите.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски