Школки од тесто со колбаси

Од:

Потребно е:
2 лажици масло
1 главица кромид, ситно сецкана
3 гранчиња темјан
сол, бибер
2 чешниња лук
250 гр колбаси, исецкани на тркалца
1 брашно
200 гр домати
400 гр тестенини во облик на школки
100 гр моцарела сирење, исецкана на парчиња
1/4 чаша рендан пармезан

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.

– На малку масло пропржете го ситно сецканиот кромид и темјан. Додадете сол и бибер.

– Потоа додадете ги лукот и колбасите и пржете околу 5 минути, додека колбасите да добијат боја.

– Додадете го брашното и пржете со постојано мешање неколку минути.

– Следно додадете ги доматите и здробете ги со вилушка. Варете додека да се згусне. Извадете ги гранчињата темјан.

– Тестенините сварете ги според упатството на пакувањето. Исцедете ги.

– Во истата вода во која се вареа тестенините сварете ја брокулата, околу 1-2 минути само да омекнат. Исцедете ја.

– Исцедените тестенини и брокулата префрлете ги во намастена тава за печење, прелијте ги со сосот со колбаси и домати и малку измешајте. Посипете со сол и бибер по желба. Одозгора наредете ја сецканата моцарела и посипете со пармезан.

– Ставете да се пече во загреана рерна околу 15 минути, додека да се растопи моцарелата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска