Шеталиштето во кралската палата Гјонгбокгунг во Сеул, што всушност претставува каменеста патека долга 1,1 километри, ќе биде отворено повторно по 60 години.
Шеталиштето на Корејците им нуди кус поглед кон историјата на династијата Џосеон.
Крај западниот камен ѕид на палатата, се наоѓа Британската амбасада во Сеул, поради што патеката од 1950 фодина, па досега беше затворена во должина од 170 метри.
По тригодишни преговори со корејските власти, Амбасадата се откажа од 100 метри од блокираниот пат.
Легендата вели дека, ако љубовна двојка прошета по патеката, ќе раскинат. Се смета дека верувањето потекнува од времето кога сеулскиот „Семеен суд“ „заседавал“ на патеката, наведува агенцијата Јонхап.