Од 17 до 21 април во Центарот за култура- Битола, во организација на агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис“, по шести пат се одржува модната недела во Битола.
„Оваа година модната недела ќе биде повеќе како фестивал на модата, во кој ќе бидат вклучени и повеќе настани, меѓу кои и изложби и видеоинсталации“, велат од “Метрополис”.
Ревиите стартуваа со модно шоу на битолскиот креатор Никола Петровски, а потоа следуваа презентации на „Дизајн С“ и Стефанија Насеска.
Во рамките на модната недела свои презентации на колекции ќе имаат Славица Котевска, „Мокош“,Сања Реџиќ… За в петок се најавени ревии на Лила Кадинска и Ива Ќурчија, а за последниот ден, или финалето, е резервирано за креаторката Олгица Ѓоргиева со својата најнова колекција инспирирана од Русија, со која се претстави и на модниот викенд во Скопје, како и настанот на костимографот од Народниот театар во Битола, Благој Мицевски.
Овие неколку дена сè е во знакот на модата во Битола, се организираат и забави пред и по ревиите речиси во сите кафулиња и ноќни клубови.
Н.Т.