Ова се неколку тајни и корисни совети од големиот кулинарски мајстор Гордон Рамси кои ќе ви помогнат во кујната …
Бибер
Биберот е многу важен зачин во кујната, но внимавајте на фактот дека од големината на зрното бибер зависи како ќе се спои со храната.
Најфино мелениот бибер се користи за сосови и супи, средно меленото зрно за вообичаено оплеменување на храната пред да ја послужите, додека пак најгрубо мелениот бибер сочувајте го за стекови и риба.
Лук
Ако се мачите со лупење на лукот, постои многу полесен начин кој ќе ви заштеди време. Ако станува збор за цела главица лук тогаш посилно стиснете ја со рака на тврда површина и ставете ја во еден сад, поклопете и силно протресете 10-тина секунди. Лушпата сама ќе се одвои од лукчето.
Загревање на тавата и рерната
Температурата е многу важна и затоа внимавајте тавата да биде доволно врела пред да ги ставите состојките на неа.
Рерната загрејте ја најмалку 20 минути пред да печете.
Чиста кујна
Шистотата е пола задравје, но и вкусно јадење. Затоа потрудете се садот во кој го фрлате ѓубрето да биде на дофат на раката, како делови од отпадоците да не ви паднат во јадењето.
Јајца
Никогаш не ги солите јајцата пред варењето затоа што така ја губат текстурата и бојата. Јајцата зачинете ги на самиот крај на готвењето, односно пред да ги послужите.
Месо
Никогаш немојте да го подготвувате месото за печење веднаш кога ќе го извадите од фрижидер. Погрижете се да го оставите барем 10-тина минути на собна температура затоа што во спротивно мускулните влакна на месото ќе бидат собрани и ќе добиете жилаво парче месо.
Што се однесува за сечењето на месото, немојте месото да го сечете веднаш по печењето затоа што сите сокови ќе истечат и месото ќе биде суво колку и да сте го полевале додека се печело.