Сите ние се обидуваме да го живееме овој живот најдобро што знаеме и умееме. Турбулентните периоди и разочарувањата се чести гости на животниот пат, а не ни се непознати ниту болката и тагата.
Сепак не е се така црно. Имајте на ум дека животот треба да се живее целосно, а за да успеете во тоа и да бидете задоволни почитувајте ги следните шест животни правила:
1. Помирете се со минатото се цел тоа да не ја уништи вашата сегашност. Вашето минато не ја дефинира вашата иднина, туку вашите постапки и уверувања.
2. Она што другите го мислам за вас, не е ваш проблем. Важно е колку се почитувате себе си и колку сметате дека сте си важни на самите себе.
3. Времето лекува речиси се, затоа бидете трпеливи. Болката е минлива. „Лузните“ не дефинираат, тие го објаснуваат нашиот живот и зошто сме такви какви што сме. Тие се нашиот предизвик и не поттикнуваат да бидеме посилни.
4. Не го споредувајте својот живот со животот на другите жени, бидејќи ама баш ништо не знаете за нивните животи. Доколку сите би ги ставиле своите проблеми на куп и би ги виделе проблемите на другите, што е можно побрзо ќе си ги земеме назад нашите.
5. Не размислувајте премногу, бидејќи е сосема во ред доколку не ги знаете сите одговори. Понекогаш одговор не постои, го нема или никогаш го немало.
6. Смејте се, бидејќи на своите плеќи не го носите товарот на целиот свет. Со насмевка можете да го разубавите и најтажниот ден и да го направите животот поподнослив.