Понекогаш најдобрите совети нема да ги најдеме во голема патна енциклопедија или обемен напис. Најдобрите совети некогаш се само мал дел од искуствата кои ги сумираат патниците ширум светот и кои со години се обликувани низ обиди и грешки.
Благодарение на прашањето кое го поставил корисник на сајтот Reddit @road_to_nowhere, составена е совршена листа на патни совети, толку едноставни и инспиративни што секако во некој момент ќе ги искористите на своето патување.
Погледнете ја листата:
1. Ако сакате навистина да искусите некое ново место и култура, дајте си време, не брзајте, изгубете се и уживајте.
2. Понесете двојно повеќе пари и двојно помалку работи.
3. Купувајте искуство и доживување, а не предмети.
4. Направете го тоа веднаш. Немојте да бидете оној кој вели дека ќе отпатува некаде за неколку години, кога ќе собере доволно пари.
5. Два збора за која било локација – удобни чевли.
6. Не заборавете да понесете пешкир.
7. Кога се пакувате, се што ви треба фрлете на кревет и изберете само половина работи од нив кои ќе ги земете.
8. Купете нотес додека сте некаде, наполнете го со мисли, чувства, активности, со што било. Кога ќе го пополните, испратете го дома и купете нов.
9. Обидете се, барем еднаш.
10. Понесете тоалетна хартија.
11. Одвојте еден ден целосно да се изгубите, никогаш не знаете што ќе откриете во таа прилика.
12. Никогаш не го носете паричникот, пасошот или што било вредно во задниот џеб од панталоните.
13. Секогаш пред одење проверете колку чини такси од аеродром до дестинацијата која ви треба.
14. Не сметајте на водичи. Локалното население и луѓето кои ќе ги запознаете секогаш имаат подобри совети.
15. Носете квалитетни чорапи за да избегнете плускавци.
16. Секогаш одвојте малку време само да седнете и да набљудувате околу себе, за да видите колкава убавина има околу вас и колку се забавувате.