Шерлок Холмс на мисија во Северна Кореја

Од:

Британската влада пред две години ја испрати популарната серија на Би-Би-Си Шерлок Холмс во Северна Кореја, во надеж дека така ќе поттикнат промени во таа земја.

Како што пренесува Би-Би-Си, серијата е прикажана во рамки на еден филмски фестивал во Пјонгјанг.

Форин Офисот соопшти дека тоа била една од работите кои британската влада ги направила за да ја поттикне Северна Кореја повеќе да се отвори кон светот.

Случајот е опишан во документ кој се однесува на активноста на британското Министерство за надворешни работи во таа азиска земја. Од наведениот документ може да се дознае дека владата во Лондон платила 287,33 фунти за правата на прикажување на серијата.

– Многу Севернокорејци никогаш не виделе нешто друго освен домашни, руски и кинески филмови – рече портпаролот на Форин офисот.

– Учеството на филмскиот фестивал во 2012 година е остварено во рамки на програмата за културна размена која ја имавме со Северна Кореја. Целта беше да се покаже поинакво видување на надворешниот свет од тој на кој се навикнале, наведе тој.

Меѓународниот филмски фестивал во Пјонгјанг, кој се одржува секоја втора година, претставува ретка прилика за севернокорејската публика да види некои остварувања од Западот.

Во документот на Форин офис не е наведено дали е прикажана само една епизода или целиот серијал.

Серијата Шерлок Холмс со Бенедикт Камбебач во главна улога, е најгледана серија на Би-Би-Си во изминатата деценија. Последната трета сезона, која почна да се прикажува во јануари, ја гледале над 12 милиони гледачи во Велика Британија.

Серијата стана голем хит во многу други земји ширум светот, посебно во Кина каде Камбербач добил прекар Керли Фу.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена