Шефот може да го скуси животот на вработените

Од:

Истражувањето на финските научници покажува дека луѓето кои сметаат дека нивниот шеф не ги третира како треба, почесто страдаат од кардиоваскуларни болести. Научниците предупредуваат дека болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во сите западни земји.

Според научниците, неправедниот однос на шефот може кај вработениот да претставува извор на тежина, депримираност и стрес.

Вработените сметаат дека шефот кон нив се однесува праведно кога во предвид го зема нивниот став и кога со нив ги дели информациите поврзани со носење на важни одлуки, откриваат научниците.

Во истражувањето, што траело 10 години, учествувале повеќе од 6.400 машки испитаници, вработени во лондонските јавни служби.

Тоа покажало дека испитаниците кои сметаат дека имаат добар однос со шефот имаат 30 проценти помал ризик дека ќе страдаат од болести на срцето.

Би можело да ве интересира

„Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави

Два случаи на сексуално вознемирување и 30 случаи на мобинг пријавени минатата година

Пратениците расправаа за измени и дополнувања на Законот за мобинг

Жарко Настоски

УПОЗ: Мобинг е однесувањето на дополнителниот заменик-министер Трипуновски

А1он

Панчевски на обвинителна клупа на средина на јануари

Предраг Петровиќ

Има судски постапки, но се уште нема пресуда за мобинг во Македонија

Ана Ололовска