Ќе уживате и во вкусот и во изгледот …
Потребно е:
за тестото:
200 мл млеко
20 гр квасец
5 лажици масло
350 гр брашно
1 лажиче шеќер
за филот:
3 јајца
200 мл кисела павлака (поделете ја на три дела)
200 гр шунка
200 гр ситно сирење (поделете го на три дела)
150 гр печурки
Подготовка:
– Од сите состојки замесете тесто и оставете го 15-тина минути да одмори. Потоа поделете го на два дела од кој едниот ќе биде поголем, а другиот помал.
– Обарете ја блитвата, исцедете ја, исецкајте ја ситно, посолете и додадете 1 јајце, 1/3 од сирењето и 1/3 од павлаката.
– Во друг сад изрендајте ја шунката, додадете 1 јајце, 1/3 од сирењето и 1/3 од павлаката.
– И во трет садизмешајте ги преостанатите павлака, сирење и 1 јајце.
– Поголемиот дел од тестото развлечете го со големина на тавата во која ќе ја печете питата така да излегува надвор од тавата. На тесто ставете го првиот дел од филот од блитва и сирење, павлака и јајце. Потоа ставете го вториот фил и на крај нанесете го и третиот фил.
– Потоа тестото кое излегува надвор од рабовите на тавата исечете го, а тестото кое е до рабовите превиткајте го преку филот (околу 2 см тесто).
– Вториот дел од тестото исто развлечете го и иечете го на ленти. Лентите наредете ги на филот.
– Оставете јас питата да отстои околу 15 минути, премачкајте ја со изматена жолчка и посипете со сусам.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 35 минути.