Шарен колач со пудинг

Од:

Ова е вид на колач кој лесно се подготвува, а е вистинско уживање кога се јаде …

Потребно е:
за кората:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
4 лажици какао во прав
150 мл млеко
150 мл масло
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
4 лажици чоколадо во прав

за светлиот фил:
2 кесички пудинг од ванила
7 лажици шеќер
700 мл млеко
100 гр бело чоколадо
100 гр путер

за темниот фил:
2 кесички пудинг од чоколадо
7 лажици шеќер
700 мл млеко
100 гр црно чоколадо
100 гр путер

Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките.

– Во еден сад ставете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер и убаво изматете ги со миксер. Додадете ги млекото и маслото и повторно изматете.

– Помешајте ги брашното со прашокот за пециво, какаото и чоколадото во прав. Оваа смеса додадете ја кај жолчките и матете додека да добиете хомогена смеса.

– Изматете ги белките со прстофат сол додека не добиете цврст шлаг. Додадете ги полека во смесата со жолчки и полека измешајте со дрвена лажица.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути (проверете дали е печена со чепкалка за заби).

– Печената кора оставете ја да се излади околу 5 минути. Со дршката на лажицата избодете ја кората на повеќе места на исто растојание. Вратете ја тавата со кората во топла рерна.

– Сварете ги пудинзите според упатствата на кесичките. Кога ќе почнат да се згуснуваат додадете ги чоколадите искршени на парчиња и тоа во пудингот од ванила – белото чоколадо, а пак во чоколадниот пудинг – црното чоколадо.
– Потоа додадете го и путерот (и во двата пудинга).
– Половина од пудингот од ванила нанесете го на кората и убаво притиснете за да навлезе во сите дупчиња. Потоа сипете го и остатокот.
– Над првиот пудинг распоредете го и чоколадниот пудинг и израмнете.
– Колачот оставете го да се излади прво на собна температура, а дури потоа во фрижидер.
– Изладениот колач посипете го со чоколадни трошки, исечете го на коцки и послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска