Северна Кореја станува топ дестинација?

Од:

Ким Џонг-ун во рамки на планот за претворање на Северна Кореја во светска топ дестинација нареди индустрискиот дел од градот Вонсан и старото пристаниште да се трансформираат во летно одмаралиште.

Севернокорејскиот лидер во мај лично ја посети локацијата, на која се гради скијалиште, со цел лично да им даде поддршка на војниците-градежници, кои треба да направат патеки со должина од 110 километри. Во таа прилика нареди и да се забрзаат работите, со цел ова зимско туристичко одмаралише туристите да може да го посетат уште оваа сезона.

Ким Џонг-ун исто така одлучи градот на море Вонсан да го претвори во атрактивно место за туристи и наместо пристаниште таа локација да ја претвори во јавна плажа. Така војската на оваа земја доби уше една мирновременска задача, која на земјата треба да и обезбеди углед на место пожелно за одмор.

Освен тоа дел од градот ќе се трансформира во финансиски кварт, а во него ќе се наоѓаат и делови за забава и спорт, како и се што е потребно за сместување на туристите.

Дел од брегот на старото пристаниште ќе биде исипан со песок и ќе се трансформира во широка песочна плажа со целата потребна инфраструктура.

Плановите пристаништето да се претвори во плажа датираат уште од 2007 година, кога таткото на сегашниот лидер, покојниот Ким Џонг-ил градот Вонсон го прогласи за туристичко место.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска