Сеул ја отвора демилитаризираната зона Панмунѕом за посетители

Од:

Јужна Кореја повторно ќе ја отвори демилитаризираната зона Панмунѕом, каде што туристичките посети беа прекинати повеќе од една година поради свинскиот грип.

Како што објави јужнокорејското Министерство за обединување, новата одлука се должи на тоа што во областа подолго време не се пријавени нови случаи на свински грип. Турите се очекува да започнат од 4 ноември. Првично, бројот на посетители ќе биде ограничен, а потоа постепено ќе се зголемува, согласно правилата за заштита од свинскиот грип и од Ковид-19.

Според Министерството, ќе бидат дозволени и индивидуални посети од туристи и помали групи. Претходно, беа дозволени само организирани обиколки на групи од 30 до 40 лица.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска