Сестрата на НБА ѕвездата осудена на доживотен затвор-брутално уби и ограби старица

Од:

Кимеша Вилијамс, сестрата на еден од најдобрите кошаркари во НБА, Кавај Леонард (31), е осудена на доживотен затвор за убиство на постара жена во тоалетот во казино во Калифорнија во 2019 година. Таа, заедно со соучесничката Кендис Таунсел, беа обвинети дека ја убиле 84-годишната Афаф Асад во тоалетот во казиното, така што буквално ѝ го скршила черепот и ѝ ја украл чантата. Асад почина неколку дена по бруталниот напад, објавија американските медиуми. Во моментот на убиството било утврдено дека несреќната жена со себе имала меѓу 800 и 1.200 долари.

Вилијамс и Таунсел беа осудени за убиство од прв степен, како и за грабеж и злоупотреба на постаро лице. Роднина на Кавај Ленард во 2019 година потврди дека Кимеша е сестра на славниот НБА кошаркар, двократен шампион во НБА и двократен МВП на финалето.

Тимот на Леонард, Лос Анџелес Клиперс, во моментов ја игра плејоф серијата против Феникс Санс, но доминантниот кошаркар е надвор од терените поради повреда, иако многумина веднаш го поврзаа неговото отсуство со веста за убиството кое го изврши неговата сестра. Кавај е најмалото дете меѓу петте деца и има четири сестри. Неговиот татко беше убиен во јануари 2008 година во озлогласениот Комптон, Лос Анџелес, во неговата перална за автомобили. И покрај тоа, Леонард следната вечер излегол на теренот и емотивно се скрши.

Приватно многу повлечен и затворен, Леонард никогаш јавно не зборувал за своето семејство или за својот приватен живот. Неговата сестра отиде на доживотен затвор за грабеж во годината во која Кави заработи 39,3 милиони долари по сезона. Тој во летото 2021 година со Клиперси потпиша четиригодишен договор вреден 176 милиони долари, а според проценките од минатата година заработува 11.385 долари на минута.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ