ВИДЕО: Серијата „Татковина“ освои „Еми“ за најдобра драма

Од:

Серијата „Татковина“ ја освои телевизиската награда „Еми“ за најдобра серија во категоријата драма. Во психолошкиот трилер, кој се емитува на телевизијата Шоутајм учествуваат Клер Дејнс и Дејмон Луис и ова е прва награда за серијалот, која ја доби по првата сезона.

Во Лос Анџелес беа прогласени и останатите добитници на „Еми“. „Модерно семејство“ на Еј-Би-Си беше прогласена за најдобра серија во категоријата комедии. Со „Еми“ беа овенчани и актерите во серијата Ерик Стоунстрит и Џули Боуен за споредни улоги, како и режисерот Стив Левитан.

Во неколку категории беше награден серискиот филм „Промена на играта“ н а Ејч-Би-О, за вклучувањето на Сара Пејлин во натпреварот за вицепретседател во 2008 година. Тој ги доби наградите за минисерија, за сценарио, режија и актерска игра за Џулијан Мур.

Режисерот и продуцентот Луис Си Кеј ја зеде наградата за сценариото за серијалот „Луи“. Џон Крајер од „Два и пол мажи“ доби „Еми“ за најдобар комедиски актер, а Џулија Луис Драјфус за најдобра актерка за „Вице“.

Том Бергерн од „Танц со ѕвездите“ на Еј-Би-Си ја освои наградата за најдобар водител.

Наградите „Еми“ се доделуваат во 400 категории.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата