Сепак ќе се снима продолжението на „Твин Пикс“

Од:

Иако пред еден месец познатиот режисер Дејвид Линч објави дека се повлекува од снимањето на продолжение на култната телевизиска серија од 90-те години на минатиот век „Твин Пикс“, американските медиуми викендов објавија дека тој се предомислил и дека сепак ќе ги режира новите епизоди на серијалот.

Имено, Линч на својот профил на Твитер објави дека постигнал договор со продуцентската куќа „Шоутајм“ и дека ќе ја режира целата нова сезона на „Твин Пикс“, кој ќе има повеќе од претходно најавените девет епизоди.

Премиерата на новите епизоди се очекува во 2016 година, а во нив улогата на агентот Дејл Купер повторно ќе ја толкува Кајл Меклахлан.

Сценариото на новите епизоди на „Твин Пикс“ го потпишуваат Линч и Марк Фрост.

Проблемот околку продолжението на серијата настана кога „Шоутајм“ соопшти дека поради пораст на трошоците нема да им исплати дополнителни хонорари на авторите на „Твин Пикс“, по што Линч најави дека се повлекува од проектот.

„Твин Пикс“ премиерно се емитуваше на телевизијата Еј-Би-Си во 1990 и 1991 година, а во 1992 година беше снимен и филмот „Твин Пикс: Огнот оди со мене“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата